За две години намалени цените на 3000 лекови

 

Со последното намалување на цената на 352 лека за две години поевтинија околу 3000 лекови, некои еднаш некои неколку пати. По пониска цена се медикаментите и на болничката и на аптекарската листа и генерики и оригинални и иновативни лекови. Заштедата за болниците и за граѓаните од сите пет намалувања на цените досега е над 30 милиони евра, а само со последната корекција на цените заштедата е над 3,2 милиони евра, анализира Здравство 24.

apteka3-640x393

Петто намалување на цената на лековите

Од вторникот значително намалување на цената има за терапијата речиси за сите заболувања посебно кај антинеопластици и имуномодулатори, лекови за висок крвен притисок, аналгетици, антибиотици, антимикробни лекови, антивирусни лекови, седативи, антиревматски, како и лекови кои делуваат на желудник и гастроинтестинален систем, имуносупресиви и др.
Просечното намалување на генеричките лекови изнесува 18,42 проценти. Големо процентуално намалување има кај генериките:
- Miconazole (лек за габични инфекции) – 88,39 oтсто,
- Carbamazepine(за епилепсија) – 65,83 отсто,
- Irinotecan (лек за карцином)– 64,44 отсто,
Од генериките најголемо намалување се јавува кај:
-Ironotecan од 100 ml (лек за карцином) со разлика во цена од 64,44 отсто (старата цена била 8.450 денари, а новата е 3.004,98, (разликата во цена изнесува 5.445 ден,
-Fentanyl 75mcg/h (аналгетик) – со разлика во цена од 50,43 отсто (стара цена-3.970,14 ден., нова цена-1.968 ден., при што разликата во цена изнесува-2.002,15 ден.) и кај многу други лекови.
Вкупна проценетата заштеда кај генеричките лекови годишно изнесува околу 2.116.000 евра. Најголемо заштедување е проценето кај генериките:
-Heparin (антикоагуланс) од 25000 IE (интернационални единици)/5ml x 10 стаклени вијали со намалување на максималната цена од 1.999 денари на 1.877 денари, со што годишно се заштедуваат 254.300 евра.
-cefixime (антибиотик) од 400 mg и пакување од 10 филм-обложени таблети, каде има намалување од 880 денари – на 604 денари, со што ќе има годишна заштеда од околу 192.590 евра.
Просечно процентуално намалување на цените на 134 оригинатори и иновативни лекови изнесува 6,44 отсто, додека просечна цена на намалување на овие лекови изнесува 368 денари. Проценета заштеда кај лековите оригинатори и иновативните лекови изнесува 1.117.560 евра.
Најголема проценета заштеда има кај лековите:
-Rebif 44 (интерферон, за третман на мултиплекс склероза) од 44 mcg односно станува збор за намалување од 56.786.64 денари на 50.795.46 денари, со што годишно се заштедуваат околу 701.400 евра.
- Со намалување на цената на лекот Xeloda од 500 mg (за метатстатски карцином), од 17.983.34 денари на 16.053.50 денари, годишно ќе се заштедуваат околу 105.968 евра.
-Намалување има и кај лекот Bonviva (за коскени заболувања) од 150 mg од 1.158 на 1.045 денари, што ќе значи годишна заштеда од 61.892 евра.
Инаку според податоците од „Мој термин“ една најпрепишуваните генерики е Lisinopril од 20 mg за висок притисок кој од септември 2013 до март 2014 година лекот бил препишан 385.301 пати од страна на матичните лекари, односно заштедата за граѓаните за 6 месеци би изнесувала 73.800 евра. Истата генерика од 10 mg, во последните 6 месеци, е препишана 227.380 пати, а заштедата во споменатиот временски период би била околу 44.300 евра.
Вкупна годишна заштеда кај генеричките лекови и оригинатори за лекови од болничката листа изнесува 1.773.500 евра, додека вкупната годишна заштеда кај лекови од примарна здравствена заштита, односно во аптеки изнесува 1.460.200 евра или вкупно над 3,2 милиони евра.
Значењето на оваа реформа е тоа што граѓаните тие лекови ги набавуваат по поевтини цени, при што заштедените средства остануваат во здравствениот систем и се издвојуваат за набавка на лекови. Продолжуваат заложбите на Владата и на Министерството за намалување на цените на лековите како една системска реформа која во континуитет ја спроведуваат со цел овозможување поголема достапност на лековите кои се неопходни за одржување на здравјето, за превенирање и за лекување на одредени заболувања, рече во вторникот министерот за здравство Никола Тодоров.

Четврто намалување на цената на лековите

Четвртото намалување на цената на лековите беше на 15.10.2013 година. Се намалија цените на вкупно 752 лека или 337 иновативни лекови и оригинатори, како и 415 генерички лекови.
Најголемо намалување во проценти имаше кај максималните цени на следните лекови:
-SPIRIVA RESPIMAT (81.72 %) – за лекување на астма и хронични обструктивни болести
-PLAVIX (54.83 %) – антикоагуланс
-CELEBREX (51.27 %) – антиревматски лек
-NEUPOGEN (48.12 %) – имуномодулатор
-MORFIN HIDROHLORID ALKALOID (45.65 %) – јак аналгетик
-XATRAL (45,50 %) – лек за простата

Најголемо намалување во денари се јави кај лековите:
-Tarceva од 100 и 150 мг (антинеопластик) – има намалување за 15 илјади денари
-TYVERB од 250 мг (антинеопластик) – има разлика во цена од околу 11 илјади денари
-SPIRIVA RESPIMAT 2.5 микрограми (лек за хронична астма) – разлика во цена од 8.700 денари
-FLUDARA од 10mg (антинеопластик) – разлика во цена од 6 илјади денари
-COPEGUS 250 мг (антивирусен лек)- разлика во цена околу 7.400 денари.

Трето намалување на цената на лековите

Третото намалување на цените на лековите беше на 15.03.2013година, кога се намалија цените на 202 лека од кои 92 иновативни и 110 генерички лекови.
Кај иновативните препарати, намалувањето се движеше од 1 до 66% или просечно 16,04%. Намалени беа цените на лековите за речиси сите болести, но најмногу за онколошки заболувања, лекови против алергија, за белодробни заболувања, за остеопороза, хормони, за емотивни заболувања, лекови за кардиваскуларни заболувања, дел од антибиотиците, препарати за лекување на гастро заболувања итн.
До тогаш за само година дена по трите усогласувања на цените согласно новата Методологија за одредување на цените на лековите заштедени се 23.200 000 евра.

Второ намалување на цената на лековите

Второто намалување на цената на лековите се случи на 15.10.2012година. Тогаш се намалија цените на 346 лека. Од нив, 139 – иновативни лекови каде намалувањето се движеше од 1 до 60% или просечно, намалувањето изнесуваше 8,6%. Годишната заштеда во однос на прометот на овие лекови изнесуваше 1 000 000 евра. Кај генеричките лекови се намалија цените на 207 лека и претходното намалување беше од 1-70% или просечно 15,23% и според вкупниот промет на годишно ниво кај овие лекови со посочените намалувања заштедуваат 2.800 000 евра.

Прво намалување на цената на лековите

Лековите во земјава драстично почнаа да се намалуваат од 01.02.2012 година. Тогаш почна да се применува новата Методологија донесена од Владата за начинот за формирање на цените на лековите, која е една од најзначајните и најкрупните реформи во фармацевтскиот сектор,а бенефитите веќе ги чувствуваат сите граѓани во земјава. При првото усогласување на цените на лековите беа намалени цените на 1.792 лека или со просечно намалување на цените од 28,13%. Пред две години во февруари поевтини терапијата за различни болести – крадиоваскуларни, респираторни, за лекување епилепсија, остеопороза, за хормони итн.
-Од започнувањето со примената на новата Методологија каде од вкупно 2178 генерички лекови кај 47% или 1,025 лека имаше намалување на
-Кај иновативните лекови од 766 регистрирани кај 74% или кај 577 лека имаше намалување на цените.
Вкупните заштеди во здравствениот систем од првото намалување изнесуваа 17.000,000 евра, кои заштеди се однесуваат и на јавните здравствени установи односно на болниците, но и директни заштеди на самите граѓани.
Според надлежните лековите ќе поевтинуваат и во иднина, станува збор за континуирано намалување на цените и тоа на секои шест месеци, односно два пати годишно во март и октомври. Со ова во Македонија се постави кредибилен систем за регулирање на цените на лековите кој функционира и дава резултати,а најава дека ќе го следат овој наш систем има и од неколку земји од регионот.Новата Методологија се покажа како добар водич за формирање на цените на лековите во споредба со 12 земји од Европа од кои 8 се членки на ЕУ – системот досега функционира беспрекорно и нема дефицитарност од лекови. Ниту една компанија не ги повлече производите од македонскиот пазар

20.03.2014 - 22:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега