Почина судијата кој беше обвинет за грабнувањето на неговата внука

 

По шест месеци откако заврши судскиот процес за грабнувањето на неговата шестгодишна внука Александра, пензионираниот врховен судија Александар Бошњаковски почина во Скопје, пренесува „Утрински весник“. 

Бошњаковски имаше над 40 години правосудно искуство, а неговиот син и сопруга минатата година беа прогласени за виновни за грабнувањето на шестгодишното девојче и истите беа осудени на една година затвор, казна која подоцна беше заменета со четиригодишна условна казна. 

Случајот со „исчезната“ Александра Бошњаковска со месеци ја брануваше јавноста, откако нејзината мајка пријавила дека девојчето е киднапирано.

Детето беше пронајдено во такси-возило во близина на Маврови Анови. Поранешниот судија Бошњаковски тврдеше дека се' што сторил, сторил од љубов кон својата внука и оти жали што го вовлекол во тоа и семејството.

20.03.2014 - 19:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега