Рицоли главен арбитар на финалето во ЛШ
Итаијанецот Никола Рицоли ќе биде главниот судија на престојното финале во ЛШ во кое силите ќе ги измерат германските гиганти Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.
Италијанецот пет години суди натпревари со меѓународен карактер и ова му е второ финале од европските купови. Во 2010 година го судеше завршниот натпревар од Лигата на Европа меѓу Атлетико Мадрид и Фулам одигран во Хамбург. Тогаш победи шпанскиот претставник со 2:1 по продолжение.
Големото финале во елитното европско натпреварување за сезоната 2012/13 ќе се одигра на 25 мај во Лондон на „Вембли“ меѓу германските екипи Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.