Битола најде начин како да се справи со комарците

 

Од општината Битола денеска ја утврдија програмата која е направена за превенција спречување и целосно уништување на комарците и другите штетни инскекти на подрачјето на таа локална самоуправа. Од општината велат дека се преземени првите активности за превентивна противепидемиска мерка за спречување појава на заразни болести.

Програмата ја изработија стручни лица од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола и притоа се користени методологиите на Светската здравствена организација и Меѓународната организација за храна и земјоделство, информираат од локалната самоуправа.

- Програмата обезбедува елиминација на инфестација и ефикасно сузбивање на комарците, безбедност на луѓето и животните, безбедност на пчелите и други корисни инсекти, како и висока еколошка одговорност. Уништувањето на комарците ќе се врши во текот на месеците јуни, јули и август за што ќе има посебен начин на информирање на локалното население, посочуваат од општина Битола.

Според анализите на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола, поволните климатско биолошки фактори и благите зими погодуваат за развој на инсектите и посебно комарците.

На подрачјето на општината во 2012 година беше регистриран првиот смртен случај предизвикан од треската на Западен Нил, а се почесто заради големата сообраќајна и комуникациска фрекфенција на луѓето од регионот се пренесуваат нови некарактеристични видови комарци каков што е и тигрестиот комарец.

- На подрачјето на општината Битола најчесто се забележуваат комарците од видот Анопхелес и Аедес. Жариштата и локалитетите од поодамна ни се познати и затоа секоја преземена акција ефикасно ја завршуваме со ларвициден и адултициден третман кои се реализираат во летниот период и во соодветни интервали, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.

Финансиските средства за реализација на програмата за контрола и уништување на комарците и други штетни инскети ги обезбеди Советот на општина Битола. 

19.03.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега