Ловџии застрелаа волци во Росоманско

 

Во текот на вчерашниот ден беше 35 ловџии организираа хајка на штетен дивеч во Росоманско при што беа отстрелани два волка, соопшти денеска Васко Иванов, претседател на Здружението на ловци „Тиквешија“ од Кавадарци.

- Се работи за редовна хајка на штетен дивеч која се организира веднаш по сезоната за лов на полезниот дивеч. Хајката беше одржана во ловите број 7 Росоман, во делот кај росоманското село Крушевица. Акцијата беше многу успешна. Се најдоа неколку волци, а се отстрелаа два што е голем успех, соопшти Иванов.

17.03.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега