Таткото го грабнал, малтретирал и фрлил бебенцето во центарот на Скопје?

 

 

Полицијата му влезе во траг на монструмот кој завчера вечер на хауба од автомобил во центарот ан Скопје фрли мало бебе. Се работи за вонбрачниот партнер на мајката на бебето кој најверојатно е и негов биолошки татко.

Според првичните неофицијални информации, лицето кое во моментов дава исказ во полициска станица, барало од мајката да му го даде бебето за да може со него да питачи. Откако таа наводно одбила, тој и го грабнал и подоцна го фрлил на паркингот позади старата зграда на Министерството за финансии.

Што и како се случувало во меѓувреме и дали бебенцето било злоставувано ќе треба да покаже истрагата.

Женското бебенце  е на седум месечна возраст и во момеднтов се наоѓа на Детската клиника. Вчера од таму изјавија дека има повреди на главата и хематоми во задниот дел, но не е во животна опасност.

 

 

 

17.03.2014 - 10:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега