Македонка се пораѓала на српско - хрватската граница

 

Државјанка на Република Македонија добила силни болки додека била во автобус на границата меѓу Србија и Хрватска.

Како што јавуваат од хрватската полиција, возач на една транспортна фирма од Македонија побарал лекарска помош, бидејќи додека траела граничната контрола, 28 годишна девојка добила силни породилни болки.

Девојката родила девојче во возилото на Брзата помош, на пат кон болницата во хрватскиот град Виковци.

Мајката и бебето сега се сместени во болницата во Винковци.

15.03.2014 - 10:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега