ФОТО: Последниот меч на Петар Милошевски

 

Македонската фудбалска легенда Петар Милошевски загина во сообраќајка на патот Крива Паланка - Куманово по враќањето од хуманитарен натпревар. Toj засекогаш ќе остане запаметен како кроткиот човек со големо срце, а последниот меч тој го одигра не како голман туку во нападот. 

Патриот, човек кој чесно и правично секогаш ги решаваше сите потешкотии и препреки, кој знаеше да остане смирен, мудар и секогаш фокусиран на нашата фудбалска иднина, практичен дури и во најтешките моменти. Несебично се жртвуваше, сакаше секогаш да им помага на луѓето, беше христијанин во вистинска смисла на зборот.

Според информациите погребот ќе се одржи во понеделник во 11 часот на градските гробишта во Бутел. Викендов се очекува одложување на сите фудбалски активности во земјава.

14.03.2014 - 18:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега