Две години затвор за Фазлиу за пожарот во „Македонска пошта“
Скопскиот Кривичен суд му одреди две години затворска казна на шефот на кабинетот на директорот на АД „Македонска пошта“, Арменд Фазлиу,за пожарот кој изби во текот на минатата година.
Обвинителството побара обвинетиот да се прогласи за виновен бидејќи вештачењето покажало дека човечки фактор е причината за избувнувањето на пожарот, а од друга страна според одбраната, причина за пожарот во Поштата е неисправна електрична инсталација.
Генералниот директор на „Пошта“ Рафиз Алити се откажа од кривичниот прогон и од материјални побарувања од Фазлиу. Штетата од 100.000 евра, како што истакна Алити, ќе ја покрие осигурителната компанија „Кроациа осигурување“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа