Уживајте во снежните лудории - дневните ски билети на Попова Шапка поевтини за над 33 отсто
Скијачкиот центар Попова Шапка од утре ги намалува цените на дневните ски билети до крајот на скијачката сезона.
Како што соопштија од ЕЛЕМ Турс цената за ноќното скијање останува како и досега 400 денари, полудневниот билет и натаму ќе чини 600 денари, а целодневното скијање за деца до 12 години останува 400 денари.
За вечерва и утревечер со почеток во 19 часот на ски лифтовите Поток 1 и Поток 2 ќе бидат вклучени светилките за ноќно скијање.
14.03.2014 - 10:48
Фото:
поповашапка.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа