ФОТО: Ќе се мажи девојчето што го испеа хитот „Никола, Никола“

Се сеќавате ли на Оливера Лазаревска, малото девојче кое ја испеа „Никола, Никола“ која и по цели 20 години е вистински хит за помладите генерации? Како што јавува Телеграф.мк, малото девојче кое ја отпеа песничката во 1993 година, денеска е голема девојка која е свршена со Аргентинецот Алехандро, со кого се запознале во Шпанија.

-Веќе една година живееме заедно, а инаку сме заедно повеќе години. Неодамна Алехандро ми приреди несекојдневно романтично изненадување, односно ме запроси. Одговорот, се разбира, беше „да“ –  изјави Лазаревска за Телеграф.мк.

Па, иако сега е возрасна девојка која ќе го каже судбоносното ДА, сите на неа се сеќаваат како на малото девојче кое ја испеа Никола Никола.

 

13.03.2014 - 10:17
Фото: 
телеграф.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега