„Макфест“ доби нови директори
Фестивалот за забавна музика „Макфест“ доби нови директори. Градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев денеска и официјално им ги врачи решенијата на Дарко Мијалковски, кој е директор на „Макфест“, на уметничкиот директор Оливер Арсовски и на техничкиот директор на фестивалот Трајче Јованов.
Мијалковски истакна дека првпат во организација на „Макфест“, годинава целосно покровителство има Владата. Најави фестивал со квалитетна продукција и целосен настап во живо,додека Арсовски на денешната прес-конференција рече дека првпат во своето 29 издание, на „Макфест“ во живо ќе се пее, но и ќе свири оркестарот на МРТ. Тој истакна дека салата на Домот на културата „Ацо Шопов“ ги исполнува условите за квалитетен звук.
На „Макфест“ годинава ќе биде применета најнова аудио и визуелна технологија, што ветува квалитетен звук, слика и продукција која ќе донесе нови хитови и музички имиња во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа