Заврши пријавувањето на дијаспората за претседателските избори
Од Државната изборна комисија денеска информираа дека заврши пријавувањето за гласање на Изборите за претседател на Република Македонија за државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство.
Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство за гласање на предвремените Парламентарни избори 2014 може да се пријават од 6 до 30 март 2014 година.
Се информираат државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство дека пријавата за гласање на Изборите за претседател на Република Македонија не важи и за Предвремените парламентарни избори. Доколку сакаат да гласаат на Предвремените парламентарни избори на 27.04.2014 година доставуваат нова пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа