Без биометриски документи 124.962 граѓани во Македонија
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска имаше координација со надлежните од управните служби во пресрет на претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори. Јанкулоска на денешната средба била информирана дека евиденциите на начин како што тоа го бараат законските прописи, со пресечен момент согласно Изборниот законик, се веќе доставени до Државната изборна комисија и за претседателските и за парламетнарните избори.
- По однос на евиденциите што ги води МВР, констатиравме дека досега вкупно се издадени 1.934.323 лични карти, важечки документи односно 1.857.909 патни исправи. Бројката на лица за кои постои запис во нашите евиденции дека се државјани на Република Македонија, а немаат биометриски документ е 124.962, изјави министерката Јанкулоска.
Замената на документите започна во 2007 година, а во меѓувреме дел од издадените документи ја изгубиле својата важност заради истек на рокот.
- Таквата бројка на документи е 12.255. Ова се граѓани кои уредно ги има во сите евиденции, но доколку сакаат да го остварат своето избирачко право, ќе мора да ги обноват документите односно да имаат важечки биометриски документи, појасни министерката за внатрешни работи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа