Еве што да очекувате од новиот дизајн на Фејсбук
Дизјанот се подготвува веќе една година, а се тестира неколку месеци наназад. Фејсбук ги обединува своите дизјни за мобилната и веб верзијата на страната, па ќе имаме можност да користиме речиси идентична Фејсбук платформа, независно на што сте вклучени.
За сите корисници ќе биде активиран во наредните неколку недели, а доколку сте немале можност досега да го добиете, погледнете на фотографијата подолу, како изгледа дизајнот на платформата.
А овие се промените кои ќе бидат инкорпорирани во новиот дизајн:
- зголенмени слики во објавите
- нови икончиња
- помалку содржини од левата страна
- групирање на содржините со сличен карактер под еден линк
- нови картички со приказни
- се укинуваат табовите како All Friends, Groups и Photos
- се зголемува полето за пребарување
- се намалува бројот на прикажани содржини на страната (ќе има поголема „белина“)
Ќе бидат евидентни и многу други промени, ова беа само некои од нив.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа