Тепачка на натпреварот помеѓу Албарса и Башкими - еден од играчите повреден со нож

Вчера во Чаир се случила тепачка на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на „Албарса“ од Скопје и „Башкими„ од Куманово.  Околу 18,00 часот откако завршил натпреварот со нерешен резултат, незадоволни од резултатот бидејќи со победа требало да влезат во втора лига, дел од навивачите на „Албарса„ влегле на теренот и физички ги нападнале фудбалерите на гостинската екипа.

При тоа 21-годишниот А.Ф. бил повреден со остар предмет, најверојатно нож, во пределот на слабината.

Биле нападнати и  Љ.М.(20), Ф.С.(23) и С.Ј.(23).

Вотек се мерки за  идентификување на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

најчитано сега