АРМ побогата за четири нови млади офицери – пилоти
Од денеска АРМ е побогата за четири нови млади офицери – пилоти од првата класа слушатели на стручно оспособување и усовршување на родот авијација. Резултатите кои ги покажавте во текот на вашата обука се потврда дека нашата земја има младина која е способна и мотивирана за постигнување одлични резултати по високи светски стандарди.
Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери на денешната свеченост по повод промовирањето на четворицата кадети од првата класа слушатели во Центарот за обука на пилоти во офицерски чин поручник.
- Пред неколку денови, во употреба го предадовме новиот мултифинкционален објект на Центарот за обука на пилоти во кој е вграден најсовремен софистициран автоматизиран систем и е опремен со симулатори за летање со хеликоптерите Ми-17 и Ми-24“, рече Џафери, додавајќи оти летањето на симулатори, претставува нова димензија во обуката на пилотите и обезбедува одржување на потребниот тренаж на пилотите.
Директорот на Центарот за обука на пилоти, Јаари Шрага, обраќајќи им се на четворицата промовирани пилоти нагласи дека тие се обучени за секоја мисија со која може да се соочи секој пилот на хелокоптер и која ќе претставува предизвик во вашата кариера. - Ви ги дадовме најважните и најефикасните алатки со цел да ги изградите и да ги поддржите сите ваши идни летачки активности, рече Шрага.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа