Недела на борба против ракот

 

Првото  Антиканцер здружение „Животна искра“, по повод Неделата на борба против ракот, во пресрет на денот на жената 8-ми Март, денеска ќе ја организира традиционалната посета и поддршка на пациентите од малигни заболувања кои се лекуваат на ЈЗУ Универзитеска клиника.

На пациентите од торакална и васкуларна хирургија, дигестивна хирургија и клиниката за радио терапија и онкологија ќе им бидат подарени брошури, цвеќе, книги и други пригодни подароци.

Пушењето е најчест причинител за рак кое одговара за повеќе од 20 отсто од смртните случаи во светот. Останатите ризични фактори за појава на рак се алкохолот, физичката неактивност и дебелината, слаба консумација на зеленчук и овошје, загадувањето на животната средина, HPV и хепатитис Б вирусите, арсенот во водата, афлатоксините во храната...

 

06.03.2014 - 09:41
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега