Вељаноски утре ќе ги распише предвремените парламентарни избори

 

Собранискито спикер Трајко Вељаноски по денешното распуштање на Парламентот, донесе одлука утре напладне да ги распише предвремените парламентарни избори за 27 април.

Собранието денеска со 117 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан изгласа распуштање на актуелниот пратенички состав.

Иницијатива за предвремени избори во Парламенот во саботата поднесе пратеничката група ДУИ, која истиот ден беше прифатена и од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. 

05.03.2014 - 16:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега