Некаде снег, некаде магла - на кои патишта треба особено да внимавате?
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се бележат кон граничниот премин Деве Баир. Појава на магла со видливост од 70 до 100 метри има на планинскиот премин Стража. Внимателно возење е потребно на патниот правец Куманово-село Страцин поради одрони на патот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Според информацијата од Геинг инженеринг, ве известуваме: За изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А1, делница Неготино – Демир Капија, од 18.02.2014 започнати се геотехнички истражни работи, за што е потребно да се воведе времена измена на режим на сообраќај. Поставена е соодветна вертикална сигнализација за времен режим на сообраќај за работа на пат. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 18:00 часот, а времетраењето на измената ќе биде до 12.03.2014.
Поради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, се забранува сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван - село Таринци во период од 14.01.2014 година до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница.
Патниот правец Р2 332, Охрид - Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила. Оваа забрана ќе трае до 31.03.2014 год.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа