Попоски во посета на ЦЕРН

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во рамките на посетата на Женева, каде што учествува на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права, ја посети Европската организација за нуклеарно истражување (ЦЕРН), соопшти МНР.

Генералниот директор на ЦЕРН, Ролф Дитер Хојер му ја претстави на министерот Попоски мисијата и активностите на Европската организација за нуклеарно истражување. За време на средбата беа разгледани можности за продлабочување на научната соработка помеѓу македонски научни институции, научници, студенти и ЦЕРН, согласно Договорот помеѓу Република Македонија и ЦЕРН потпишан во 2009 год.

Исто така, главните научници му го претставија на министерот еден од најголемите научни експерименти во историјата на човештвото, големиот хадронски судирач (Large Hadron Collider - LHC), преку кој се обидува да се одговори на најсуштествените прашања на физиката, стои во соопштението

МИА

04.03.2014 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега