Ако Путин „тргне“ на Украина, Фифа се закани дека Русија „ќе лета“ од СП

Русија и Украина се наоѓаат на работ на војна поради ситуацијата на црноморскиот полуостров Крим. 

Фудбалската репрезентација на Русија ќе биде исфрлена од престојното Светско првенство во Бразил во случај да оваа земја ја нападне Украина, наведува извор близок на челниците на ФИФА. 

Еден од новинарите на Би Би Си, Крис Морис разговараше со еден од украинските амбасадори. Тој се закани дека Украина ќе превземе сериозни чекори во светот на спортот доколку претседателот на Русија Владимир Путин се одлучи да ја нападне Украина.

„Амбасадорот ми рече дека ќе направи се за да ФИФА ја исфрли Русија од Мундијалот од Бразил. Тој оваа информација ја доби од неименуван извор од ФИФА, напиша Морис на друштвените мрежи. 

Русија на СП игра во групата со Белгија, Алжир и Јужна Кореја. Мундијалот ќе биде одржан од 12 јуни до 13 јули. 

Русија ќе биде организатор на Мундијалот 2018 година.

04.03.2014 - 13:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега