Друштвото на писателите на Македонија на 5 април избира ново раководство
Друштвото на писателите на Македонија закажа за 5 април редовно изборно собрание, на кое ќе се избира претседател на Друштвото, членови на Претседателството и претседател на Собранието на ДПМ.
Кандидатите за претседател на ДПМ и за претседател на Собранието на ДПМ со програма треба да се пријават најдоцна до 14 март.
На изборното собрание по еден месец ќе се избира и статутарна комисија, комисија за финансиско работење, суд на честа, како и Собраниски одбор во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори кои се членови на ДПМ.
04.03.2014 - 10:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа