Собранието ќе ја заврши 84. седница
Пред утрешната седница на која ќе гласа по предлог-одлуката за распуштање, македонското Собрание денеска треба да ја заврши 84. седница.
Пратениците ќе расправаат за два предлог-закона во скратена постапка - за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Овие два предлог-закона, по скратена постапка, ќе бидат на дневен ред и на седниците на Комисијата за транспорт врски и екологија и на Законодавно-правната комисија.
04.03.2014 - 08:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа