Иванов на средба со дојрачани - претседателот разговараше за туризмот

 

Шефот на државата Ѓорге Иванов денеска беше во посета на југоисточниот дел на Македонија, во општина Дојран. 

Иванов на средбите со граѓаните, на Стар Дојран, дозна повеќе за тековните пректи кои што се реализираат во општината, вклучително и на реконструкцијата на локалниот пат за с.Црничани, во вредност над 17 милиони денари, како и завршената реконструкција на регионалниот пат Струмица-Дојран, во вредност од приближно 166 милиони денари, и за санацијата на регионалниот пат Фурка-Дојран, проект вреден 17 милиони денари. 

Тој се запозна и со проектите кои се однесуваат на развојот на туризмот во Дојран. Ваквите проекти допринесоа за развој на туризмот во овој дел од градот, за минатата година, кога се одбележани над 120.000 ноќевања, беше најуспешна во последните 10 години.

Иванов се запозна и со уредувањето на плажите на дојранското крајбрежје. Во 2013 година функционираа вкупно 9 плажи, што е повеќе од двојнозголемување во однос на 2012 година, кога функционираа само четири.

ФОТО: Курир

03.03.2014 - 17:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега