Времето "побудале" - денеска облаци и дожд

 

 

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повеќе сончеви периоди. Кон крајот на денот и во ноќните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 11 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло, со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

01.03.2014 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега