Пендаровски за Press24: Прифаќам да бидам кандидат на СДСМ
Стево Пендаровски прифатил да биде кандидат на СДСМ за претстојните претседателски избори. Тој пред малку излезе од состанок со највисокото партиско раководство на Бихаќка по што во телефонски разговор за Пресс24 потврди дека добил понуда да бдие единствен кандидат за претседател и понудата ја прифатил.
„Ми беше предочено дека сум предлог на сите 76 општински организации и дека имам најголема поддршка споредено со било кој друг кандидат предложен од партиската база. По ова, донесов одлука да ја прифатам понудата и сега оставам на партиската процедура“, вели Стево Пендаровски во изјава за Пресс24.
Тој потврдува дека денеска во 17 часот одлуката ќе биде верификувана на Извршниот Одбор а во вторник на Централно Претседатество и на партискиот Конгрес.
Пресс24 објави дека пред два дена на состанок на тесното раководство на Бихаќка паднала одлуката Пендаровски да истрча на овие избори но се' до овој момент и партијата и самиот кандидат негираа дека таква одлука постои.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа