Утре облачно ама топло - викенд временска прогноза

Утре во Македонија времето ќе биде облачно, но топло

Ќе дува умерен ветер од јужен правец кој на места ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од четири до десет, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Во недела под влијание на нестабилна и топла воздушна маса повторно ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен јужен ветер. 

најчитано сега