Високиот Борозан од Црна Гора го засили Металург

Екипата на Металург се засили со 19 годишниот Црногорец Вуко Борозан, пренесува Екипа. 

На ваквиот трансфер инсистирал стратегот Лино Червар, кој има намера да го зголеми фондот на играчи во ротацијата пред престојните предизвици во ЛШ, домашната лига и Купот на Македонија. 

Станува збор за перспективен ракометар, кој моментно игра за хрватскиот клуб Карловац. Како што дознаваме.

- Тој би требало веќе в сабота да допатува во Скопје, по што целосно ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на чело со Лино Червар, пишува Екипа.

Корпулентниот Борозан со своите 203 сантиметри и 105 килограми важи за еден од најталентираните ракометари од Црна Гора.

27.02.2014 - 10:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега