СДСМ открива нови проекти од програмата: Ќе изградиме автопат по коридорот 8
Автопатите Скопје-Штип и Кичево-Охрид можеа и досега да се изградат со парите потрошени за проектот „Скопје 2014“, велат од СДСМ.
- Овие 500 милиони евра, пари на граѓаните, наместо за споменици и музеи, требаше да се искористат токму за изградба на автопатиштата Скопје – Штип и Кичево – Охрид. Со тоа ќе се избегнеше дополнително задолжување на државата, а воедно повторно ќе беше ангажирана градежната оператива, рече потпретседателот Дамјан Манчевски на денешната прес-конференција.
Тој најави два нови проекти од програмата на партијата, односно изградба на автопатот Велес – Прилеп – Битола и изградба на автопат по Коридорот 8, односно поврзување со Албанија на запад и со Бугарија на исток.
- Согласно анализите, дополнително ќе се утврди трасата по која ќе поминува овој автопат, рече Манчевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа