ГРОМ: Кандидатурата на Иванов е циркус

 

Ние од Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ сметаме дека најодговорен во државата, да се грижи за уставниот поредок на Република Македонија, е токму претседателот на државата. Тој е должен да ги почитува законите, да ги спроведува тие закони и да се труди, она што всушност сите ние го очекуваме од него, доследно да се однесува кон нив. Не можеме да се изначудиме деновиве на овој циркус што се случува во врска со евентуалната кандидатура на господинот Иванов кој е моментално претседател на Република Македонија, затоа што законските процедури се јасни, рече денеска на прес-конференција претседателот на Граѓанската опција за Македонија(ГРОМ), Стевчо Јакимовски.

- Или господинот Ѓорѓе Иванов ќе собере 10.000 потписи и ќе биде кандидат за претседател на Република Македонија или ќе го предложат 30 пратеници во Собранието на Република Македонија. Оттаму, не ни е јасно каква е оваа пародија со наводните поддршки и наводните потписи од неговите пријатели за негово кандидирање? Ние од ГРОМ  сметаме дека тие треба да се поддржат и ако толку го сакаат господинот Ѓорѓе Иванов треба да се потрудат да му соберат 10.000 потписи за да биде легитимен кандидат на овие претседателски избори, затоа што се ова што се случува е една голема пародија. Јас мислам дека господинот Иванов треба да се одважи и да собере храброст, да си поднесе кандидатура на конкурсот на неговата партија, да ја голтне таа кнедла со конкурсот на кој тој треба да се пријави. Во спротивно, вака навистина правиме циркус од канидадурата за претседател на Република Македонија, вели лидерот на ГРОМ.

-Ние од ГРОМ, додаде Јакимовски, сметаме дека оваа фарса треба да престане. Треба, рече тој, да се издигнеме над сосотојбите во кои што се наоѓаме и сметаме дека треба да спроведеме коректни и претседателски избори.

25.02.2014 - 15:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега