Седници на три собраниски комисии

 

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат три собраниски комисии на кои треба да бидат разгледани измени на повеќе закони кои треба да се донесат по скратена постапка.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија се измените на законите за пензиско и инвалидско осигурување,спречување од дискриминација, социјална заштита, инспекција на труд, задолжително капитално финансиско пензиско осигурување и дополнувањата на Законот за заштита на децата.

Комисијата за здравство ќе расправа за дополнувањата на Законот за санитарна и здравствена инспекција, на Законот за здравствено осигурување, на Законот за здравствена заштита и на Законот за лекови и медицински помагала. 

25.02.2014 - 08:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега