Претседателот Ианов ќе пресече утре

 

Претседателот Ѓорѓе Иванов утре ќе пресече дали ќе ја прифати инцијативата на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и истакнати личности од сите општествени сфери за нова кандидатура на конвенцијата на најголемата политчка партија, велат од неговиот кабинет за Press24.
„Во текот на утрешниот ден, Претседателот Иванов ќе и го соопшти својот став на македонската јавност по однос на доставената иницијатива“ - велат од кабинетот на Иванов
Доколку сака да учесвува на внатрепартиската трка во ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за Претседател на Македонија, Иванов ќе мора сам да се кандидара, соопшти денеска на прес конференција Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев.
Инцијативата Иванов да влезе меѓу кандидатите на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја доби поддршката од вицепремиерот Ставрески, членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ како и истакнати личности од општестениот живот

24.02.2014 - 17:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега