ВМРО-ДПМНЕ го објави списокот со делегати кои ќе гласаат на Конвенцијата
ВМРО-ДПМНЕ спроведува високо демократска процедура за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија.
Тоа е наш предизвик, заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ е демократска и отворена партија.
Во овој транспарентен процес има место за сите оние кои сакаат и ценат дека имаат личен капацитет да се вклучат. ВМРО-ДПМНЕ, како секогаш до сега, ќе спроведе врвна демократска, чиста и транспарентна процедура. Ние сакаме да го избереме најдоброто решение, а тоа секогаш е избор во демократска процедура. За нас изборот е Македонија.
Како што најавивме претходно, денес го објавуваме списокот на сите делгати на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија. Списокот за сосема кратко време ќе биде објавен на веб страната на партијата, со што ќе биде на ставен на увид на целата јавност.
Вкупниот број на делагати на Конвенцијата, во согласност со одлуките на Извршниот и Централниот комитет на партијата е 1300.
Делегати на Конвенцијата се:
I. членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ;
II. членовите на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ;
III. членовите на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ;
IV. членовите на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ;
V. членовите на Претседателството на Републичкиот совет на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ;
VI. организационите секретари и потсекретари на ВМРО-ДПМНЕ;
VII. делегати избрани од Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ;
VIII. претседателите на Централните комисии на ВМРО-ДПМНЕ;
IX. делегати избрани од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ;
X. делегати избрани од Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и Извршниот комитет на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ;
XI. избрани и именувани функционери од ВМРО-ДПМНЕ;
XII. значајни личности и основачи на ВМРО-ДПМНЕ.
Според предложениот Деловник за работа на Конвенцијата, ќе се спроведе тајно, демократско и непосредно гласање на делегатите. За избран кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија ќе биде оној кој во првиот круг на гласање добил најмногу гласови, но не помалку од 1/3 од вкупниот број на делегати. Доколку ниту еден од кандидатите не го добие потребниот број на гласови во првиот круг на гласање, ќе се спроведе и втор круг помеѓу двајца кандидати кои добиле најголем број на гласови во првиот круг од гласањето.
ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди еднаква можност и право за презентрација на кандидатите и нивните програмски согледувања пред делегатите на Конвенцијата.
До овој момент во ВМРО-ДПМНЕ стигната е една кандидатура од господинот Јове Кекеновски, за која сте информирани и лично од него.
До нас стигната е иницијативата за кандидирање на господинот Ѓорге Иванов, потпишана од над педесетина интелектуалци, доктори, академици, свештени лица од повеќе религиозни заедници, спортисти. Но, сеуште немаме лично произнесување од страна на господинот Ѓорге Иванов по однос на оваа иницијатива. Врз основа на вашиот интерес и прашањата кои денес се поставувани до нашиот Центар за комуникации, би сакал да потврдам дека на оваа иницијатива се придружиле и високи партиски лица и градоначалници кои веќе се објавени во повеќето медиуми.
Рокот за пријавување на кандидати до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ е до среда (26.02.2014 година) до 20 часот.
(Интегрален текст од прес конференција на Емил Димитриев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа