Собранието донесе 44 закони по скратена постапка

 

Собранието на Република Македонија во рамки на 85. седница донесе 44 закони без дискусија и по скратена постапка.  

Донесени се измените и дополнувањата на Законот за архивски материјал, на Законот за инспекциски надзор, на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, законите за изменување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, на Законот за управната инспекција, дополнувањето на Законот за класифицирани информации, измените на Законот заштита и спасување и на Законот за управување со кризи. Пратениците ги изгласаа и изменување и дополнување на Законот за гранична контрола и на Законот за полиција, Предлог на законот за внатрешни работи, измените и дополнувањата на Законот за надворешни работи и на Законот за Бирото за развој на образованието, сите по скратена постапка.

Прифатени беа и измените и дополнувањата на Законот за Државниот испитен центар, на Законот за образование на возрасните, на Законот за високото образование, на Законот за Педагошката служба, дополнувањето на Законот за научно-истражувачката дејност, измените и дополнувањата на Законот за просветната инспекција, на Законот за иновациската дејност, на Законот за стручно образование и обука и на Законот за ученичкиот стандард, сите по скратена постапка и други закони.

СДСМ побара пауза од еден час поради неможност пратениците истовремено да присуствуваат и на седници на комисии и на пленарната седница

24.02.2014 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега