Во Кратово чествување за заштитникот на градот Св.маченик Ѓорѓи Кратовски

 

 По повод христијанскиот православен верски празник Свети маченик Ѓорѓи Кратовски, денеска во Кратово се одржува црковно-општонароден собор.

По црковната процесија што се одржува во истоимената црква посветена на светецот на плоштадот се одржа богата културно-забавна програма дополнета со спортски содржини.

Заслугата на Св. Ѓорѓи Кратовски се гледа во отпорот и непримањето на муслиманската вера, наметната од тогашната турска власт. Поради тоа, тој бил спален на клада на плоштадот во Софија во 1514 година, а за неговото дело подоцна православната црква го прогласила за светец. Во негова чест верниците од Кратово ја изградиле црквата „Св. Ѓорѓи Кратовец“ во 1925 година.

Советот на општината Кратово во 2002 година донесе одлука за прогласување на Свети Ѓорѓи Кратовски за заштитник на градот, а 24 февруари за патронен празник на Кратово. По тој повод денес Советот одржа свечена седница при што беа доделени повеќе награди и признанија за постигнати резултати од разни области.

24.02.2014 - 11:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега