Нема веќе конци и крварење - нов апарат сосема ги измени операциите на Торакална хирургија

 

Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија доби апарат за препарирање ткива ,кој ќе овозможи  брзи, прецизни хируршки интервенции без употреба на конци и крварење.

Генераторот за фузионирање крвни садови, вреден 2,975 милиони денари, е веќе пуштен во употреба. Тој се користи при интервенции за хранопровод, бели дробови, дојка и тироидна жлезда. Мобилен е, што овозможува, кога е потребно, негово користење и на другите клиники.

- Станува збор за најсоврмен апарат, вид златен стандард во васкуларната хирургија. Овозможува поголема безбедност при интервенциите преку минимизирање на евентуалните грешки и компликации. Досега со него се направени околу 50 зафати, рече министерот за здравство Никола Тодоров по денешната посета на Клиниката.

Тодоров истакна дека се обезбедени и 20 нови аспиратори за Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) кои, исто така се веќе ставени во функција.

- Сега ќе може да се користи посебен аспиратор за секој пациент што ќе го елиминира ширењето на интрахоспитални инфекции, рече министерот.

Опремата за двете клиники вкупно чиниоколу четири милиони денари.

Тодоров информираше дека е во тек набавката и на други најсовремени апарати, кревети, душеци,..., или вкупно 720 милиони денари или повеќе од 11 милиони евра. Во овој дел не се вклучени предвидените биохемиски реагенси што е дополнителни 10 милиони евра. 

23.02.2014 - 15:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега