Ограбил куќа, украл „Пасат“, направил сообраќајка па избегал - крадец ја крена на нозе македонската полиција
Засега непознат крадец ја ограбил куќата на кумановчанецот И.Ш., додека тој бил на печалба во Швајцарија.
СПоред МВР, кражбата се случила синоќа околу 22 часот, на улицата „Максим Горки“ во Куманово. Крадецот насилно го отворил прозорот од подрумот на куќата, влегол внатре, ги пребарал собите и украл клучеви од автомобил „Пасат“, 2 телевизора и повеќе машини и алати во вредност од околу 307.000 денари. Откако ја испразнил куќата, крадецот го запалил „Пасатот“ и избегал од местото.
Полицијата го пронашла возилото во населбата Ченто во Скопје, кое според полицијата, претходно учествувало во сообраќајна незгода.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа