Владата ќе работи по најмодерен терк: Промовиран новиот концепт за е-седници

 

Преку нов  мултиплатформски систем материјалите за владините седници ќе се обработуваат поефикасно и  побрзо и со тоа  ќе  се  зголеми  транспаретноста и ќе се намалат трошоците.

Oва денеска го најавија денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за информатичко општество и амдинистрација Иво Ивановски.

Како што информираа Пешевски и Ивановски, системот нуди нов концепт за е-седници на Владата, а треба да работи на сите оперативни системи и на различни уреди: паметни телефони, таблети, персонални компнјутери, лап-топи... Решението го изработи домашната компанија „Некстсенс“, која  треба да го имплементира во рок од шест месеци. За таа намена се одвоени 20.750.000 денари

Вицепремиерот Пешевски истакна дека мултиплатформскиот систем за колаборација  технички и технолошки е врв во она што може да се направи и што е достапно кај информатичките компании.

- Веќе нема да мора да има само компјутер пред секој член на Владата. Секој што ќе ги  има овие овластувања ќе може со кој било  од уредите, таблети, компјутер, телефони да доаѓа и да ги има сите материјали од седницата на Влада кај себе. Дури и да не е тука ќе може да ги има истите материјали како да е присутен на седница, рече Пешевски.

Тој појасни дека при самиот тек на документите ќе биде дефинирано кој што може да промени.

- Сега се ограничува кој што да прави и точно ќе се знае. Условно речено она што е следење на промените е подигнато на многу повисоко ниво, наведе Пешевски.

Според министерот Ивановски, со новиот систем ќе се надмине најголемиот предизвик со кој се соочувале во изминатиот период при верзирањето на текстовите, имајќи ги предвид процедурите што треба да ги помине една информација пред да се разгледа на седница на Владата, со оглед дека претрпува промени.

- Побаравме од понудувачот, Некстсенс да се направи верзирање на самиот текст, но тоа да биде  автопатски, односно да нема можност  членовите кои работат на текстовите да ја деселектираат таа опција за да може постојано да се гледаат измените на текстовите, истакна денеска Ивановски.

При испраќањето на информациите до експерти или членоови на комисии, ќе може да се ограничи кој параграф, збор или реченица кој има право да го промени.

- Ќе се овозможи поголема  ефикансот во работењето на институциите, веднаш ќе се познаваат измените на текстовите, главиот автор на текстот ќе може веднаш да ги одобри или одобри верзирањата, а тоа ќе биде автоматско, бидејќи нема можност некој да ги деселектира, рече Ивановски.  посочувајќи оти дополнителната вредност на системот е што ќе може да се вклучат експерти и од надвор.

Според Ивановски, дополнителна вредност на системот е што ќе овозможи вклучување на експерти и од надвор. Таков систем, рече министерот, не постои во регионот и поширокот.

- Има решенија кои се многу покомплицирани и не се мултиплатформски, односно се специфицирани  само за потребата на нивните корисници или работат на еден или два оперативни системи, рече Ивановски.

23.02.2014 - 14:37
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега