Штедач во „Македонска банка“ си ги заборавил своите 100.000 евра
Штедач во Македонска банка, за која во тек е ликвидациска постапка, не се јавува да си ги побара 100.000 евра кои му следуваат, објавува Нова Македонија.
Според весникот, штедачот веќе неколку години не го бара обесштетувањето. Од 100.000 евра, 20.000 евра треба да му исплати Фондот за осигурување депозити, а 80.000 евра треба да добие од стечајната маса на банката.
Според информациите на Нова Македонија од фондот, има повеќе случаи каде штедачи од пропаднатите банки и штедилници со години не се јавуваат да побараат обесштетување иако се работи за големи суми, кои достигнуваат до 20.000 евра.
Директорка на Фондот за осигурување депозити, Нина Настева за Нова Македонија вели дека е зачудена што не се јавуваат штедачите кои треба да земат солидни суми како обесштетување.
- Навистина е изненадувачки што, и покрај тоа што во земјава постојано се зборува за сиромаштија, има лица што по шест или седум години сѐ уште не се јавиле да си ги подигнат парите што им следуваат. Во наш интрес е штедачите да си ги подигнат парите, вели Настева за весникот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа