Познат идентитетот на момчето кое загина на мотор во Скопје

 

Младиот скопјанец кој пред два дена заработи тешки повреди во тешка сообраќана незгода на улицата „Борис Трајковски“, вчера им подлегнал на повредите.

Според полицијата, станува збор за 24 годишниот Нермин К. од Скопје. Несреќата се случи кога возило марка Берлинго, зад чиј волан бил 40 годишниот скопјанец М.Р., удри во моторциклот на момчето, марка Сузуки.

 

Нермин К. и неговиот сопатник И.Б. биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје, но, за жал возачот не успеал да ги преживее повредите. И.Б. бил пуштен на домашно лекување.

23.02.2014 - 11:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега