СДСМ: Владата троши буџетски пари во предизборниот период
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има потрошено речиси 400 милиони евра од почетокот на годинава, обвинија денеска од најголемата опозициска партија СДСМ.
Повикувајќи се на официјалниот предизборен финансиски извештај на Министерството за финансии, потпретседателот Ванчо Узунов посочи дека секој ден се трошат по 13 милиони евра народни пари.
- Најголема потрошувачка има кај ставките субвенции, социјални трансфери и социјални бенефиции (за пензии, социјална помош, невработени, боледувања и сл.), рече Узунов на денешната прес-конференција, додавајќи дека за овие намени потрошени се 182 милиони евра за 45 дена.
Од СДСМ обвинуваат дека за 45 дена е направен буџетски дефицит од 141 милион евра што е, како што велат, речиси половина од планираниот за цела година, додека од глоби собрани се 1,4 милиони евра.
- Не е проблемот во тоа што Владата троши на субвенции и социјални давачки, туку што тоа го прави токму пред избори, рече Узунов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа