Летале столчиња во скопско средно училиште

 

Ученици од прва и втора година од скопското средно училиште „Зафљуш Марку“ во петокот крвнички се истепале со тупаници, клоци и столови.

Според информациите од полицијата, тепачката се случила во петокот наутро во една од училниците во училиштето, а повод за тепачката била ученичка која се пожалила на нејзиниот братучед, дека ја малтретирал ученик од втора година.

Еден учениците кои учествувале во тепачката бил повреден во задниот дел на главата, информираат од полицијата.

 

22.02.2014 - 13:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега