Македонија меѓу најуспешните земји во борбата против трговијата со луѓе

 

Република Македонија по четврти пат доби позитивни оценки од американскиот Стејт департмент, кој во извештајот за борба против трговијата со луѓе ја рангира во групата ТИЕР 1, односно земји што сериозно и успешно се справуваат со овој вид криминал, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната прес конференција.

На денешната презентација на годишниот извештај на Националниот известувач за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција во Република Македонија, Јанкулоска истакна дека од вкупно 188 земји, Македонија е рангирана меѓу најдобрите земји кои успешно се справуваат во борбата против трговија со луѓе, заедно со уште 30 земји од светот.

-Република Македонија константно повеќе години наназад  ја потврдува високата позиција на која се наоѓа, истовремено демонстрирајќи институционална подготвеност и стручност, благодарение на постојаното залагање и благодарение на постојаните новини кои ги имплементираме во нашиот во нашиот сиситем, се со цел да бидеме поуспешни на овој план, рече министерката Јанкулоска.

Министерката Јанкулоска истакна дека македонската Влада во изминатиот период направи значајни напори во зајакнување на мерките во борбата против трговија со луѓе.

Вкупно 15 жени лани биле жртви на трговија со луѓе во Република Македонија.

22.02.2014 - 13:21
Фото: 
MIA

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега