Ивановски: Нема да ме замолчат - aко треба Канческа ќе ја носам и до Стразбур

 

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски денеска најави дека ќе ja обжали пресудата според која треба да плати оштета од 300.000 денари на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, бидејќи во повеќе наврати против неа изнел бројни квалификации со кои и’ ги нарушил угледот и честа. 

Ивановски денеска го повтори својот став дека во проектот “Скопје 2014“ има огромни неправилности и сомнителни процедури, оценувајќи дека пресудата е само резултат на, како што вели, партизираното судство кое ги заштитува режимските функционери.

 

-Без разлика, дали Апелацискиот Суд ќе ја потврди оваа пресуда, јас никогаш нема да отстапам од фактот дека со моите прес конференции обелоденив крупна афера “патриотската метла“, со која некој уништил дел од тендерската документацијата за проекти на министерството за култура. Во ноември 2010 во име на СДСМ обзнанив и на јавноста и покажав интерен документ на Министерството за култура, во кој тие самите тврдат дека недостасува и дека е уништена тендерска документација за 4 проекти, меѓу нив и за Стариот Театар Скопје, изјави денеска Ивановски.

Ивановски најавува дека ќе ја обжали пресудата на Апелацискиот Суд и, како што вели „ за оваа македонска судска пракса ќе поведам постапка и пред судот во Стразбур“.

 

-Јас и понатаму ќе продолжам да откривам и да говорам за криминалот и незаконското работење на власта, со докази и факти, како и досега. Со оваа пресуда не може да ме исплашат и замолчатм, рече денеска Игор Ивановски.

 

 

 

21.02.2014 - 14:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега