Кекеновски: Очекувам победа на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ

 

Професорот Јове Кекеновски, кој поднесе кандидатура за избор на кандидат за претседател на Република Македонија, очекува победа на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, што ќе се одржи на 1-ви март.

Според Кекеновски, неодговорно е 10 дена пред истекот на рокот за поднесување кандидатури за избор на претседател, партиите да прават калкулации и да не ги информираат граѓаните кои ќе бидат кандидатите.

Тој апелира до политичките лидери да се намалат штетните последици од лобирањето.

- Доколку се случи лобирањето да доаѓа од највисокото раководство од тесен круг на луѓе што се на врвот во партиите, верувајте нема да има ни „д“ од демократичност, а да не говорам за неетичност, рече Кекеновски на денешната прес-конференција.
 
Тој истакна рече дека доколку биде избран за претседател согласно неговата програма ќе се залага за почитување на парламентарниот систем, граѓанскиот принцип да биде принцип на државата, почитување на различностите, евроатлантска интеграција, професионална дипломатија, заложба за склучување траен мир и добрососедство со сите соседи, реорганизација на Агенцијата за разузнавање и заложба со сите институции за нулта корупција и независен судски систем.

21.02.2014 - 13:48
Фото: 
Фактор

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега