Драма во автобус на ЈСП: Скопјанец влегол и му се заканувал на возачот со нож
Скопјанец влегол во автобус на ЈСП и започнал да му се заканува на шоферот со нож.
Според податоците од полицијата, 44-годишниот Р.А. од Скопје кој е вработен како возач во ЈСП пријавил дека во текот на вчерашниот ден околу 13 часот и 30 минути, во автобусот со број 22 кој го управувал тој, се качило непознато лице кое со себе носело поголем пакет. Сооглед на тоа дека во автобусите е забрането да се носат поголеми предмети, возачот го предупредил патникот да излезе од автобусот, но тоа се разгневил и започнал расправија која кулминирала кога извадил нож и започнал да му се заканува на Р.А.
Полицијата открила дека се работи за 58-годишниот скопјанец А.О. кој ќе си заработи соодветна кривична за стравот и паниката кои ги предизвикал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа