Браќата Ристевски во нов европски поход
Македонските мотоциклисти, браќата Лука и Андријан Ристевски ќе ја претставуваат Македонија на четвртиот натпревар од Европскиот шампионат во мотокрос кој ќе се одржи утре во Зарнешти, Романија.
Помладиот Лука ќе се обиде да го повтори успехот од „Гран При Македонија 2013“ кога го освои 8.место помеѓу 19 натпреварувачи во класата ЕМХ65.
Деветгодишниот Лука настапи на две од досега одржани три натпревари и има вкупно 40 поени што се доволни за 15.место.
Во моменталниот пласман води Томасо Бертото од Унгарија со 123 бодови. Покрај Бертото фаворити за победа се и Игор Кухарчук од Молдавија и Никола Храниќ од Хрватска.
Постариот Андријан кој настапува во класата ЕМХ85 исто така ќе се бори за пласман во Топ 10.
Во неговата класа најинтересен ќе биде дуелот на водечкиот двоец во генерален пласман – Кристијан Томпа од Романија и Лука Црнковиќ од Хрватска.
Натпреварот во Зарнешти покрај за Европскиот шампионат ќе се бодува и како трет натпревар во рамките на отворениот Источно-Европскиот шампионат во кој исто така се вклучени и нашите мотоциклисти.