ВМРО ДПМНЕ: Функционер на СДСМ се претставува како Илија Димовски со цел да фингира афера

 

На прес- конференцијата која се одржа денеска во 19 часот Илија Димовски ,членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ обелодени скандалозно однесување на СДСМ.

СДСМ очигледно почна да креира сценарија за да си создаде алиби за поразот кој ќе го доживеат на следните избори.

Спроведуваат веќе видени сценарија за да имаат со што да го правдаат поразот кој им претсои.

Доцна попладнево добивме информација за постапување на функционери на СДСМ кое е спротивно на политичките правила, но е и тешко кривично дело.

За што станува збор.

Лицето Диме Витанов, советник во Општина Неготино и портпарол на СДСМ во Неготино, од службен мобилен број на Општина Неготино, кој тој го има задолжено како советник, се јавува на неколку наши членови и активисти.

Телефонскиот број од кој советникот на СДСМ од Неготино, Диме Витанов, се јавува на членови на ВМРО-ДПМНЕ е 078/484-970. Повторувам, тоа е број на Општина Неготино кој ова лице го има задолжено како советник во општината.

Да е скандалот поголем, овој функционер, портпарол на СДСМ и советник на СДСМ во Општина Неготино, Диме Витанов, се претставува дека е Илија од Центарот за комуникации. Лажно се претставува, што е кривично дело според важечките закони во Република Македонија.

Ова функционер на СДСМ, Диме Витанов, на членовите и активисти на ВМРО-ДПМНЕ им барал список со десет неопределени граѓани кои би гласале за ВМРО-ДПМНЕ и при тоа им посочил дека списоците треба да бидат пратени на меил адресата: [email protected].

Сакаат да ги излажат граѓаните, па потоа да манипулираат и да се правдаат за своите изборни порази. Веќе видено сценарио на СДСМ.

Оваа е тешко прекршување на законот и за овие постапки советникот на СДСМ, Диме Витанов ќе добие кривична пријава. Ќе мора пред институциите да  одговара за своите постапки. Од надлежните институции бараме да ги испитаат сите податоци и информации кои денес и ги соопштуваме на јавноста.

Не можеме да разбереме дека СДСМ се занимава со вакви детски работи, со вакви глупости.

На што трошат време и енергија? Не седнале да напишат програма. Не седнале да си ја средат партијата, кадровски да ја подобрат, туку се занимаваат со глупави сплетки. Нема ништо паметно во овие нивни постапки.

Заради ова ли двајца поранешни раководители на разузнавачките и контраразузнавачките служби добија високи позиции во СДСМ? Зар ова треба да го работи сериозна партија? Ова ли е дереџето до кое падна СДСМ?

Почитувани, овој скандал си има директен извршител и тој човек, Диме Витанов, советник на СДСМ од Неготино ќе мора да се соочи со институциите на правната држава.

Но, политичката одговорност за ова фрапантно и скандалозно однесување на СДСМ ја носат нејзините двајца предводници, Радмила Шеќеринска и Зоран Заев. Тие ќе мора да ја понесат одговорноста за оваа недозволиво однесување на нивната партија. Зар вака ќе ја водат целата кампања? Очигледно немаат што друго да и понудат на Македонија освен старите модели на сценарија, сплетки и манипулации.

20.02.2014 - 19:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега