Градоначалникот на Гостивар бара вештачење во странство за случајот труење во економското училиште
Градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, ќе бара дополнително вештачење во странство за да се докаже што се случило во петокот кога повеќе ученици и професори од екомонското училиште се пожалија на симптоми на труење.
- Јас ги поздравувам изјавите на јавниот обвинител и заменик министерот за внатрешни работи и ги поддржувам напорите за расветлување на случајот. Во таа насока ќе испратиме и примероци за анализа надвор од Македонија, за да се утврди вистината за овој настан, изјави Бејта.
Гостиварскиот градоначалник упати апел до опозициските партии да водат сметка и со нивните изјави да на ја подгреваат атмосферата и да не си играат со чувстата на децата и родителите.
За потсетување, во петокот попаладне 60-тина наставници и ученици побараа медицинска помош откако почувствувале тегоби со симптоми за труење, но лекарите и крим техника завчера објавија дека не е утврдено дека имало труење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа